Мени
Кошничка 0

Правни информации

МЕГАпопуст обезбедува интерактивен онлајн сервис преку интернет страница на домен адреса megapopust.mk, спроведено од страна на фирмата Sconto Import Ltd (понатаму во текстот кога се спомнуваат заедно - МЕГАпопуст) на World Wide Web мрежа (понатаму - "интернет"). Услугата се состои од обезбедување на информациски услуги, управување со содржини, како и имплементација на финансиски трансакции. Наведените услуги заедно ги обезбедуваат МЕГАпопуст, придружни фирми и трети страни. Под терминот "Веб страница" во овие Услови се однесува на сите интернет сајтови, кои се наоѓаат во доменот на megapopust.mk.

ВООПШТО

Овие Услови на користење пропишуваат услови и правила во врска со употребата на веб страна megapopust.mk од крајните корисници. Со користење на овој веб-сајт (освен во случај на првото читање на овие Услови), крајните корисници се согласуват со наведените услови и правила и се согласуват со користење на веб-сајтот megapopust.mk соодветно. Право на користење на овој веб-сајт е особено право на крајниот корисник и не може да се пренесува на било кој начин на други физички или правни лица. Крајниот корисник е лично одговорен за чувањето на доверливоста на лозинките на места каде што тие постојат како такви. Крајниот корисник е запознаен со фактот дека, иако интернет е генерално безбедна средина, понекогаш доаѓа до прекини на услуги, или до настани надвор од контролата на Sconto Import Ltd Затоа, МЕГАпопуст не може да биде одговорен за било каква загуба на податоци што може да се случи за време на преносот на информации на интернет. Иако целта на Sconto Import Ltd е да овој сајт биде достапен 24 часа на ден и 7 дена во неделата, понекогаш веб-сајтовите не се достапни од било која причина, вклучувајќи ги и нивните рутински одржувања. Крајниот корисник се согласува и прифаќа дека поради причини кои се и под и надвор од контрола на Sconto Import Ltd, пристап до интернет сајтовите понекогаш може да биде прекинат, привремено недостапен или исклучен. МЕГАпопуст го задржува правото да во секое време го измени или отповика било кој сегмент на делување, вклучувајќи, без ограничување, содржина, време на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на овој сајт. Понатаму, МЕГАпопуст може да престане да испраќа било кој дел на информации, или било кој тип на информации, може да ги менува или да го прекине било кој начин на пренос на податоци, и да ја промени брзината на пренос на податоци, како и сите други карактеристики. Со користење на овој сајт, Вие изјавувате дека сте запознаени и се согласувате со условите и правилата предвидени тука. Ако не се согласувате со наведените услови и правила, Ве молиме да се воздржите од употреба на овој веб-сајт.

УСЛОВИ ЗА ПРОДАЖБА

Компанијата Sconto Import Ltd овозможува и врши промотивна продажба на роба / услуги во име и за сметка на Партнери преку Интернет сраницата megapopust.hr, на начин да Партнерот одобрува еднократен промотивен попуст на своите производи / услуги, доколку МЕГАпопуст успее преку јавен повик за одреден временски период да собере најмалку договорениот минимален број на купувачи за тој производ / услуга. Партнерот е должен договорениот промотивен производ / услуга да го испорача на најдобар можен начин, во согласност со општоприфатените стандарди за квалитет на еднаков начин, или повеќе од оние кои се применуваат во својот вообичаен тек на работење со клиентите. МЕГАпопуст не е соственик , ниту е во сопственост на производите / услугите кои ги нуди преку својата промотивна страница, и не може да биде одговорен за евентуални дефекти, или други проблеми кои можат да произлезат при користењето на услугите кои ги нуди. За сите евентуални проблеми поврзани со испораката или неисправни производи / услуги, кои Партнерот ги обезбедува единствен одговорен е тој Партнер. МЕГАпопуст на никој начин не може да биде одговорен за било какви недостатоци на производите или услугите што промотивно ги продава.

ПРОМЕНА НА УСЛОВИ

МЕГАпопуст го задржува правото да во секое време и без претходна најава, ако смета дека е потребно, откаже или модифицира било кој од наведените услови на користење и / или изјава за доверливост. Таквите промени може да вклучуваат, меѓу другото, воведување на одредени такси или давачки. Затоа, Ве советуваме да од време на време повторно ги прочитате информациите содржани во Услови на користење и Изјава за доверливост, а со цел да останете информирани за било какви промени. Напомнуваме дека доколку дојде до промени на Условите на користење и Изјавата за доверливост на податоци, а Вие продолжете да ја користите нашата интернет страница, ќе се подразбира дека ги прифаќате условите на користење и изјавата за доверливост на податоци кои се активни во моментов. Секоја промена или бришење на условите и правилата за користење се во сила веднаш по објавување на страницата. Секое користење на овој веб сајт од страна на крајниот корисник по известување ќе се подразбере како прифаќање на тие промени.

ОПРЕМА

Крајниот корисник е одговорен за набавка и одржување на својата компјутерска опрема, вклучувајќи софтвер и хардвер кој го поседува и користи, како и друга опрема потребна за пристап и користење на веб-сајтот и сите поврзани трошоци. МЕГАпопуст не е одговорен за било каква штета на опремата на крајниот корисник која може да резултира од употреба на овој веб-сајт.

ОДНЕСУВАЊЕ НА КРАЈНИОТ КОРИСНИК

Овие интернет страници, како и било кои други страници, сега или со понатамошните содржини, или на друг начин достапни, преку надворешните линкови, поврзани со megapopust.mk се приватна сопственост. Сите меѓусебни комуникации и интеракции кои се одвиват преку овој веб сајт мора да се усогласат со Условите на користење. Иако ја подржуваме и ја поттикнуваме комуникацијата и меѓусебната интеракција на корисниците преку интернет страниците како megapopust.mk , бараме и очекуваме од сите корисници да сите нивни активности поврзани со користењето на овие интернет страници бидат во согласност со позитивните законски прописи на Република Македонија. Строго се забранува поставување или пренесување преку овој сајт од страна на крајниот корисник било каков материјал кој ги прекршува или повредува на било кој начин правата на другите, било каков материјал кој е незаконски, навредлив, заканувачки, кој ја навредува или загрозува приватноста, кој е вулгарен, неприличен, или на друг начин непристоен во комуникацијата, материјал кој потикнува однесување кое би претставувало кривично дело, или на друг начин го крши законот, и кој без изречна, претходна писмена согласност од фирмата Sconto Import Ltd содржи огласување или која било понуда на производи и услуги. Било каков вид на однесување на крајните корисници, кое спрема дискреционата оценка на фирмата Sconto Import Ltd ограничува или оневозможува било кој друг краен корисник во користење или уживање на овие интернет страници е строго забрането. Крајниот корисник не смее да ги користи овие интернет страници за да рекламира или врши било каква комерцијална, верска, политичка, или некомерцијална кампања, вклучувајќи го и повикувањето на корисниците на овие интернет страници да станат корисници на други онлајн или офлајн услуги, кои се директно или индиректно конкуренти, или потенцијални конкуренти на Sconto Import Ltd.

ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Сите материјали содржани на megapopust.mk веб-сајт се ексклузивно право на Sconto Import Ltd, или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и / или дизајн. СЕКОЕ КОПИРАЊЕ, ДИСТРИБУЦИЈА, ПРЕНОС, ОБЈАВУВАЊЕ, ВМРЕЖУВАЊЕ, ДЛАБОКО ПОВРЗУВАЊЕ ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН МОДИФИЦИРАЊЕ НА ОВИЕ ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦИ БЕЗ ПИСМЕНА СОГЛАСНОСТ ОД Sconto Import Ltd Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО! Секое прекршување на овие услови може да резултира со прекршување на авторските права, права на заштитни марки или правата на која било друга форма на интелектуална сопственост, и може да доведе до покренување на граѓански или комерцијални постапки и / или кривично гонење против сторителите. Овој сајт содржи материјал заштитен со авторски права, заштитни знаци, дизајни, и други информации што се опфатени со другите права на физички или правни лица, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, видео, графика, музика, звук, и целата megapopust.mk содржината, и во согласност со прописите на Република Хрватска. МЕГАпопуст е носител на авторските права во врска со изборот, координација, објавување и промовирање на такви содржини, како и правата кои се однесуваат на оригинална содржина. Крајниот корисник не може да ги изменува, објавува, пренесува, или да учествува во трансферот или продажба, создавува изведени дела, или на било кој начин искористува било која содржина, во целост или во дел. Крајниот корисник може да ги преземува, печати и чува материјалите заштитени со авторски права само за неговата сопствена употреба. Не се дозволува умножување, редистрибуција, реемитување, објавување или комерцијална експлоатација на превземениот материјал без изречна писмена согласност од Sconto Import Ltd и носителот на авторските права. Крајниот корисник на овие интернет страници не може да поставува, објавува или на друг начин стави на располагање било каков материјал кој е предмет на авторски права, заштитен знак или други права на интелектуална сопственост, без дозвола на сопственикот на правата. МЕГАпопуст нема обврска да го информира крајниот корисник, или да му помогне да се утврди дали материјалот е предмет на авторски права. Крајниот корисник е исклучиво одговорен за било каква штета што може да резултира од прекршување на авторски права, заштитен знак и други злоупотреби на правата на интелектуална сопственост, или било какви проблеми кои произлегуваат во врска со објавувањето на таков материјал. Со поставување на материјали на кој било јавно достапен дел од овие интернет страници, крајниот корисник гарантира дека е носител на правата на тие материјали и да се јасно дава на Sconto Import Ltd да ги слободно, постојано, неповратно, не-ексклузивно право и лиценца за користење, репродуцирање, модифицирање, адаптирање, објавување, преведување и дистрибуирање на тие материјал (во целост или делумно) во целиот свет. Крајниот корисник исто така им дава на други крајни корисници право да пристапуваат, гледаат, сочуваат или репродуцираат тој материјал за нивна сопствена употреба. Со ова крајниот корисник дава право на Sconto Import Ltd да модифицира, копира, објавува и дистрибуира било каков материјал достапен од крајните корисници на овој сајт. Условите утврдени во овој дел се применуваат подеднакво во корист на Mегапопуст и неговите подружници, филијали и даватели на услуги, лиценцирани компании и секој од нив има право да ги насочува и спроведе соодветна на условите.

ИЗЈАВА ЗА ГАРАНЦИЈА И ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА

Крајниот корисник изречно се согласува дека користењето на овој веб-сајт e на одговорност на крајниот корисник. Ниту МЕГАпопуст, неговите подружници, или еден од нивните вработени, агенти, трети лиценциран услужни фирми или компании не гарантират дека употребата на овој веб-сајт нема да биде прекината, или дека ќе биде без грешки, ниту пак гарантираме за (i) последици кои можат да произлезат од користењето на овој сајт, или (ii) точноста, веродостојноста или содржината на било какви информации, услуги или производи обезбедени преку овој веб-сајт. Оваа изјава на одговорност се однесува до било каква штета или повреда предизвикана од секој можен вид на лоши квалитети, грешки, исклучоци, прекини, бришење, дефекти, доцнење во работа или пренос, компјутерски вирус, пауза во комуникациска линија, кражба, уништување или неовластен пристап, промени или злоупотреби на записи, прекршување на договорот, несоодветно однесување, небрежност, или било кој друг акт. Крајниот корисник експлицитно потврдува дека компанијата Sconto Import Ltd не е одговорна за навредливи, несоодветни или незаконски однесувања на други корисници или трети страни и дека ризикот од штета што може да настане како резултат на горенаведенито почива во целост на крајниот корисник. Во никој случај компанијата Sconto Import Ltd, или друго физичко или правно лице вклучени во создавањето, производството или дистрибуцијата на овие интернет страници, или поврзани содржини, како и било кој софтвер, нема да бидат одговорни за било каква штета што може да резултира од употреба на , или неможноста да се користат овие инернет страници. Крајниот корисник експлицитно потврдува дека условите во овој дел се применуваат на целата содржина на овој веб-сајт. По горенаведените услови, ниту компанијата Mегапопуст, ниту нејзините филијали, провајдери на информации или содржината, нема да бидат одговорни, без оглед на причината или траење, за грешки, неточности, или други дефекти, несоодветност на информации содржани на овој сајт, како и за било какво одложување или прекин во преносот на информации до крајниот корисник за какви било штети или загуби кои произлегуваат од тоа. Никој од горенаведените партии нема да биде одговорен за какви било штети или загуби на трети лица, вклучувајќи губење на профит. Sconto Import Ltd не е одговорен за било каква содржина која корисник, претплатникот или неовластено лице може да постави на овие интернет страници. Секоја содржина која е поставена, а која е или може да се смета за непристојна може во секое време да биде отстранета од страна на компанијата Mегапопуст. МЕГАпопуст го задржува правото да модифицира, адаптира, промени, брише или отстранува било која содржина за која смета дека е несоодветна.

НАДЗОР

МЕГАпопуст има право, но не и обврска, во секое време, да ги следи содржините на овој веб-сајт, вклучувајќи ги и сите виртуелни простории за разговор и форуми кои можат да бидат вклучени како дел од овој веб-сајт, за да ги обезбеди усогласеноста и поштување на Услови на користење, како и сите други правила пропишани од страна на компанијата Mегапопуст, како и усогласеност со важечките закони, прописи или други акти. Без ограничување од горенаведеното, МЕГАпопуст го задржува правото да ги отстрани сите материјали, за кои утврди дека не се во согласност со правилата утврдени во овој документ, или за кои смета дека се поинаку под знак на прашалник.

ПРИВАТНОСТ

Крајниот корисник признава дека сите дискусии на рејтингот, коментари, приватни пораки, виртуелни простории за разговор и / или други начини за испраќање пораки или комуницирање (понатаму наведени - Заедницата) се јавни, а не со приватен карактер, и затоа работниците на Sconto Import Ltd можат да ги надгледуват комуникациите на крајните корисници без нивно знаење или експлицитна дозвола. Како МЕГАпопуст не ја контролира или ауторизира содржината, пораки или информации кои се наоѓат во некоја од заедниците, па оттука МЕГАпопуст конкретно негира секаква одговорност во однос на заедниците и какви било дејства кои произлегуваат од учеството на краен корисник во било која заедница, вклучувајќи одговорност за сите можни содржини кои се во прашање. Секоја комуникација од страна на крајниот корисник на МЕГАпопуст систем (без разлика дали тоа е соба за разговор, групи за дискусија, онлајн или на друг начин) се смета за не-доверлива. Ако одредени веб страници дозволуваат прикажување на комуникациите кои се третирани како доверливи од МЕГАпопуст, тој факт ќе биде наведен на овие страници. Со објавување на коментари, пораки или други информации на овој веб сајт, крајниот корисник и дава право на користење на фирмата Sconto Import Ltd на такви коментари, пораки или информации со целта на промоција, рекламирање, истражување на пазарот, или било кои други законски дозволени цели. За повеќе информации, погледнете ја Изјавата за доверливост на Sconto Import Ltd и megapopust.mk страницата.

ДЕЦА

Лица помлади од 13 години не им е дозволено да ја користат страницата Мегапопуст ниту ние намерно собираме Лични Податоци од лица помлади од 13 години. Приватноста на децата емногу важна за нас, така да доколку дознаеме да корисникот има помалку од 13 години, ние ќе преземе мерки за да се отстрани засекогаш нивните информации од нашата база на податоци. Препорачуваме да децата помеѓу 13 и 18 години добијат дозвола од родителите пред да го користат и даваат информации преку интернет. Доколку користите megapopust.mk, потврдувате дека сте полнолетни, или имате најмалку 13 години и дозвола од родителите.

ЛИЦЕНЦИРАЊЕ

Со објавување на или преку овој веб-сајт, крајниот корисник и дава на фирмата Sconto Import Ltd бесплатна, правно валидна, неотповиклива и не-ексклузивна лиценца за користење, репродуцирање, модифицирање, објавување, адаптирање, превод, дистрибуција, прикажување, како и имплементација на комуникација самостојно или како дел од поголема целина, во која било форма, на било кој медиум или со било која технологија, позната или подоцна развијена, и да го споделува тие права со повеќе лиценцирани дилери.

НАДОМЕСТ НА ШТЕТА

Крајниот корисник се согласува да обештети и дека не ја смета за одговорна фирмата Sconto Import Ltd, ниту незините филијали и нивните одговорни лица, вработени и агенти, од сите побарувања за надомест на штета и трошоци, вклучувајќи ги трошоците за правно застапување, а кои можат да бидат направени со користење на овие интернет страници од страна на крајниот корисник.

ПРЕСТАНОК НА ДЕЛОВНИ ОДНОСИ

МЕГАпопуст може да го прекине деловниот однос со било кој од крајните корисници во било кое време. МЕГАпопуст задржува правото да ги прекине веднаш било кои лозинки или сметки на Корисникот во случај на однесување од страна на крајниот корисник за кое Mегапопуст, со своето дискреционо право, верува дека е неприфатливо, како и во секој случај на непоштување на овие Услови од страна на крајниот корисник. Во случај на откажување на лозинки или сметки на крајните корисници, услови од претходните поглавја не престануваат помеѓу крајните корисници и Sconto Import Ltd.

ЗАШТИТЕНИ МАРКИ

МЕГАпопуст е регистрирана заштитна марка на Sconto Import Ltd и затоа сите права во однос на обаа марка се задржани. Доколку не е поинаку назначено, сите други трговски марки кои се појавуваат на МЕГАпопуст систем се интелектуална сопственост на нивните соодветни сопственици.

СОДРЖИНА НА ТРЕТИ СУБЈЕКТИ

МЕГАпопуст, слично како и интернет провајдери (ISP), е дистрибутер (а не издавач) на содржините добиени од трети страни и крајните корисници. Затоа, МЕГАпопуст нема уредувачка контрола над содржините како што немат ни јавни библиотеки, книжарници или трафики. Секое мислење, совет, изјава, услуга, понуда, или друга информација или содржината испратена од трети страни, вклучувајќи ги јавните провајдери на информации, или било кои други крајни корисници, се на соодветен автор или дистрибутер, а не на фирмата Sconto Import Ltd Ниту МЕГАпопуст ниту трети снабдувач на информации не гарантира за точноста, комплетноста или корисноста на било која содржина, ниту неговата продажба или способност за било која одредена цел. Во многу случаи, содржината на овие интернет страници претставува мислењата и коментарите на релевантни провајдери на информации, крајниот корисник, или друг корисник кој не е под договор со компанијата Mегапопуст . МЕГАпопуст не ги авторизира овие информации и поради тоа не може да биде одговорен за точноста и веродостојноста на секое мислење, совет или изјава која се објавува на веб-сајтот МЕГАпопуст, од страна на неовластени лица, или оние кои не дејствуват во службената должност. Под никакви околности МЕГАпопуст нема да биде одговорен за било каква загуба или штета кои произлегуваат од тоа што крајниот корисник се потпира на информациите добиени преку МЕГАпопуст систем. Одговорност е на Крајниот корисник да одлучи и процени сам дали ќе се потпре на точноста и корисноста на било кои информации, мислења, ставови, совети или други содржини достапни преку МЕГАпопуст систем. МЕГАпопуст содржи линкови до веб сајтови на трети лица, одржувани од други провајдери. Овие линкови се поставени само заради погодноста а не како потврда на соодржините на тие линкови од страна на Sconto Import Ltd, и поради тоа МЕГАпопуст категорично отфрла каква било врска со содржината или точноста на материјали на сајтови на трети лица. Ако крајниот корисник одлучи да пристапи до веб страните на трети лица,тоа го прави на свој сопствен ризик. Ако немате потпишан договор со Sconto Import Ltd со кој е експлицитно овозможено, не е дозволено да поставувате линкови на интернет страници на megapopust.мк до било која друга веб-страница. МЕГАпопуст го задржува правото да ги повлече своите дозволи за објавување на ликови во секое време и по сопствено убедување.

РАЗНО

Насловите на Поглавјата користени во овие Услови за користење се само ориентациони и на било кој начин не влијаат на толкувањето на содржината која се наоѓа во нив. Ако надлежниот суд пронајде дека било која одредба од овие Услови е неважечка, тоа нема да влијае на валидноста и важноста на другите одредби од овие Услови што значи дека преостанатите делови ќе останат да важат. Доколку било која страна не ги искористи своите права од овој договор, тоа нема да се смета за откажување или губење на тие права, кои било други права подолу. Седиштето на Компанијaта Sconto Import Ltd е во Doncaster, Велика Британија. Правните спорови кои можат да настанат како последица на посетувањето и користењето на веб страните(освен доколку со некаков договор не е предвидено поинаку) се во надлежност на судот во Doncaster и се решаваат во согласност со прописите на Велика Британија. Со користењето на веб страните, Крајниот корисник е согласен дека било кој правен спор или барање кој ќе произлезе или е во врска со овие Услови вклучувајќи ја и нивната имплементација, е во надлежност на судот во Doncaster.